Бизнисот бара инфузија од 10 милиони евра за извозните фирми

Bez autora
Nov 02 2010

Десет милиони евра за субвенционирање на каматни стапки на кредити наменети за претпријатија кои над 50 отсто од своето производство го реализираат во странство, како и пет милиони евра за опремување на национални лаборатории и нивна акредитација, неопходна за проверка на квалитетот на производите во земјава. Четири милиони евра за финансиска поддршка на домашните трговски фирми за изградба на два продажни капацитети во Србија и Албанија, каде што приоритетно ќе се продаваат домашни производи. Ова се дел од барањата на Стопанската комора на Македонија кои вчера нејзиниот претседател, Бранко Азески, му ги презентираше на министерот за економија, Фатмир Бесими, на средбата на која се разговараше за буџетската поддршка за 2011 година, како и потикнувањето на производството и извозот на компаниите.

Бизнисот бара инфузија од 10 милиони евра за извозните фирмиДесет милиони евра за субвенционирање на каматни стапки на кредити наменети за претпријатија кои над 50 отсто од своето производство го реализираат во странство, како и пет милиони евра за опремување на национални лаборатории и нивна акредитација, неопходна за проверка на квалитетот на производите во земјава.

Четири милиони евра за финансиска поддршка на домашните трговски фирми за изградба на два продажни капацитети во Србија и Албанија, каде што приоритетно ќе се продаваат домашни производи. Ова се дел од барањата на Стопанската комора на Македонија кои вчера нејзиниот претседател, Бранко Азески, му ги презентираше на министерот за економија, Фатмир Бесими, на средбата на која се разговараше за буџетската поддршка за 2011 година, како и потикнувањето на производството и извозот на компаниите.

Според Азески дел од барањата се однесуваат и за околу 500.000 евра за субвенционирање на камати за потрошувачки кредити за набавка на производи од домашно производство, како и 100 илјади евра за исплата на извозни рефундации на агроиндустрискиот комплекс на нови пазари во Блискиот и Средниот Исток, како и Северна Африка.

Азески појасни дека ова е истовремено и дел од Програмата на Стопанската комора на Македонија 3И (инвестиции, инфраструктура, извоз), поради што бараат од Владата преку Буџетот да покаже иницијатива дека со одредени средства преку Министерството за економија го помага и поттикнува извозното производство, што пак, ќе и донесе забразан економски раст на државата.
- Зголемувањето на капиталните трошоци во Буџетот за 30 проценти за 2011 година го прифаќаме со огромно задоволство - истакна Азески.

Според него симболичното намалување на другите трошоци од 88 на 85 отсто го смета како почеток на нова фаза, односно развоен буџет. Тој смета дека во текот на буџетската расправа овие нивни барања треба да се усогласат со финансиските и економските политики на државата, но и со правилата на Светската трговска организација. Азески потенцира дека идната година Комората ќе поддржи ново задолжување на државата за инфраструктура, бидејќи довршувањето на коридорите 10, 8 и гасоводниот систем се основата за економскиот раст на државата.

Министерот Бесими позитивно ги оцени сугестиите на Комората, бидејќи тие се логични и смета дека тие можат да ги подобрат резултатите, како и политиките и програмите на државата не само во рамките на буџетот, туку и во економската програма.

- Контактите со бизнис-заедницата ќе го дадат својот резултат. Ги слушнавме нивните идеи и додека трае јавната расправа тие може да се разгледаат - вели Бесими. Тој му вети на Азески дека нивните идеи ќе бидат разгледани од Владата, а во иднина почесто ќе се среќаваат.

Што се однесува за тендерот наменет за изградба на големите хидроелектрани Чебрен и Галиште, Бесими вели дека јавноста дополнително ќе биде информирана, бидејќи во овој момент треба да се почека и да се види дали ќе има сериозна понуди. Бесими потсети дека соработката со Меѓународната финансиска корпорација, која е дел од Светската банка, продолжува и понатаму се додека не се обезбедат инвестиции за овој голем енергетски проект.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik